Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија ќе биде затворен на 21 декември со церемонија, а 10 дена подоцна тој и официјално ќе прекине со работа.
До крајот на месецов, Хашкиот трибунал треба да ги затвори сите случаи на прва и втора инстанца.
На 22 ноември ќе биде објавена пресудата за Ратко Младиќ, а последната одлука по жалба на пресудата на 29 ноември.
Меѓународниот трибунал за Југославија беше формиран на 25 мај 1993 година со резолуција на Советот за безбедност на ОН, а веќе 24 години тој води дела против 161 обвинет, од кои повеќе од половината беа Срби.
Советот за безбедност на ОН создаде меѓународен механизам кои би ги презел нерешените дела на Трибуналот и случајот на Ратко Младиќ, доколку пресудата биде обжалена.