Поранешната портпаролка на Хашкиот трибунал Флоренс Артман, која беше уапсена минатата недела, ќе биде ослободена пред време.
Артман беше уапсена на 24 март пред Хашкиот трибунал додека со членовите на семејствата на жртвите го чекаше објавувањето на пресудата на лидерот на босанските Срби, Радован Караџиќ.
Таа е уапсена поради прекршување на забрана за пристап до Трибуналот.
Во 2009 година Артман беше осудена на казна од 7.000 евра за непочитување на судот бидејќи во книгата „Мир и казна“ и статијата „Скриени клучни докази за геноцид“ открила доверливи судски информации. Артман одби да ја плати паричната казна и казната се трансформира во седум дена затвор.