Главниот обвинител на Меѓународниот трибунал во поранешна Југославија, Серж Брамерц денеска изјави дека Трибуналот веројатно ќе работи и во 2015 година и додаде дека Радован Караџиќ и Ратко Младиќ ќе бидат осудени за геноцид.
– Убеден сун дека Трибуналот ќе продолжи со работа и во 2015 година. Веќе го поднесовме предлог-буџетот за 2014 и 2015 година и не очекувам никакви проблеми за тоа – истакна Брамерц во Сараево. Тој посочи дека е многу важно обвинетите во Хаг да имаат доволно време за својата одбрана, како и да има доволно време Караџиќ и Младиќ да бидат осудени за геноцид.
Тридневната посета на Брамерц на Босна и Херцеговина е во рамките на подготовката на извештајот за стратегијата за завршување на работата на Трибуналот, што треба да биде претставен годинава во Советот за безбедност на Обединетите нации.