Хашкиот суд ќе престане со работа до крајот на 2016 година

Од:

Судот за воени злосторства во поранешна Југославија со седиште во Хаг, ќе престане со работа до крајот на 2016 година, соопшти денеска претседателот на српскиот Национален совет за соработка со Хашкиот трибунал, Расим Љајиќ.

Љајиќ, кој воедно е и српски вицепремиер и министер за трговија, туризам и телекомуникации, нагалси дека Трибуналот веќе формирал судски совети, кои ќе имаат задача да ги донесат пресудите за случите, кои ќе останат незавршени по затворањето на Судот.

Во врска со пресудата против лидерот на Српската радиклана партија (СРС), Воислав Шешељ, Љајиќ рече дека иако се уште нема никави официјални најави, сепак извори во Трибуналот изјавиле дака таа најверојатно ќе биде изречена во текот на март идната година.

– Хашкиот суд доживеа најголем неуспех со процесот против Шешељ, оцени Љајиќ.

Тој нагалси и дека Владата на Србија на Трибуналот му ги дала неопходните гаранции за времено ослободување на поранешниот директор на српското разузнавање Јовица Станишиќ и на неговиот заменик Франко „Френки“ Симатовиќ.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска