Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан, кој е во посета на Сараево, изјави дека до крајот на април или почетокот на мај Босна и Херцеговина мора да ги реши актуелните прашања, посебно истакнувајќи ги воспоставувањето на механизмот на координација, прилагодување на Договорот за стабилизација и асоцијација, продолжување на реформите и објавување на резултатите од пописот на населението.
Хан по средбата со членовите на Претседателството на БиХ, претседавачот на Советот на министри Денис Звиздиќ и ентитетските премиери Жељко Цвијановиќ и Фадил Новалиќ истакна дека објавувањето на пописот на населението станало политичко прашање и дека политичките лидерите треба да дејствуваат за решавање на тој проблем.
Хан посочи дека ако се решат прашањата до почеток на април, БиХ следниот чекот во процесот на ЕУ интеграциите може да го направи до крајот на 2017 година.
Еврокомесарот наведе дека процесот на европски интеграции значи и подобрување на економските прилики, наведувајќи го примерот со Србија, каде е забележан раст на странскии инвестиции откако почнаа преговорите за членство во ЕУ.
– Затоа не гледам причина за да се пропушти која било од овие прилики. Ако БиХ не ги реши спорните прашања до мај, ЕУ прашалникот би го испратила дури на крајот од 2016 година, посочи Хан.
Тој им оддаде и признание на властите што во последната година направиле значителни чекори за присоединување на БиХ во ЕУ, што кулминира со поднесување на апликација за членство.
– Нема причина таквиот позитивен тренд да не продолжи, истакна Хан.