Хамонд: Велика Британија нема да учествува во воена операција во Сирија

Од:

Британскиот министер за одбрана Филип Хамонд изјави дека Велика Британија нема да учествува во каква било воена операција против Сирија, откако Владата не ја доби поддршката од Парламентот.

Хамонд истакна дека САД, клучниот сојузник на Велика Британија ќе бидат разочарани од фактот дека нивната земја нема да учествува, но додаде дека не верува оти неучеството на Велика Британија нема да ја спречи таквата акција.

Владиниот предлог за приклучување на Велика Британија кон евентуалниот воен напад врз Сирија беше отфрлен од Парламентот со 285 наспроти 272 гласови, а премиерот Дејвид Камерон изјави дека ќе ја почитува одлуката на законодавниот орган.

Најмалку 12 земји-членки на НАТО веќе отфрлија какво било учество во евентуалната воена операција на САД во Сирија, доколку таа не биде одобрена од Советот за безбедност на Обединетите нации, изјави извор од Брисел, јави ИТАР-ТАСС.

– Повеќе земји категорично се откажаа од каква и да е форма на учество во воена оперција во Сирија без одобрение од СБ на ОН, станува збор за најмалку 12 држави, изјави истиот извор.

Според него последиците од евентуалната воена интервенција во Сирија се „апсолутно непредвидливи“, а победата на опозицијата во сегашниот состав „е малку веројатна и нема гаранција дека опозицијата е способна да обезбеди долгорочен мир во земјата“.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски