Хамонд: ЕУ е непријател во преговорите за Брегзит

Од:

Британскиот министер за финансии Филип Хамонд изјави дека Европската унија е „непријател“ во преговорите за Брегзит.

Тој, во изјава за Скај њуз, ги повика колегите да престанат да спорат и да се фокусираат на преговорите во Брисел.

– Непријателот, противниците се таму, од другата страна на преговарачката маса. Тоа се луѓе со кои мора да преговараме напорно за да добиеме најдобар договор за Велика Британија, рече Хамонд.

Изјавата на Хамонд, кој досега важеше за еден од најумерените учесници во преговорите, како што наведува Скај њуз, беше изненадувачка.

Меѓутоа, тој веднаш се извини за својот, како што рече, „лош избор на зборови“.

Министерот за финансии во сенка Џон Мекдонел од Лабуристичката партија рече дека изјавата на Хамонд го покажува лошиот владин пристап.

– Навредувањето на ЕУ не е начин да се заштитат некои економски интереси, напиша Мекдонел на Твитер.

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер претходно реагираше дека преговорите за излегување на Велика Британија од ЕУ ќе траат подолго отколку што се очекувало и побара Владата на британската премиерка Тереза Меј да ја плати сметката за тоа.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Маковец: Проширувањето на ЕУ не смее да трпи поради билатерални прашања

A1on

„Војната“ помеѓу ЕУ и Кина официјално започна

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Англиски спортски водител е уапсен под сомнение дека силувал дете

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани