Хамонд: Башар Асад мора да си замине

Од:

Сирискиот претседател Башар ал Асад „мора да замине“ како дел од транзицијата во Сирија, изјави денеска во Прага британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд.

Тој сепак ја остава отворена можноста, доколку се случи транзиција во Сирија, Асад во неа да одигра некаква улога до одреден момент.

– Многу сме јасни во тоа дека не сакаме да ги уништиме владините институции во Сирија, туку напротив сакаме дури и да ги зачуваме, нагласи Хамонд по средбата со шефот на чешката дипломатија Лубомир Заоралек во Прага.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, Хамонд изрази уверување дека преговорите во рамки на политичкиот дијалог мора да се водат не само со опозицијата, туку и со сириската влада.

Слична изјава даде и Заоралек, според кого, тоа е и една од причините зошто Чешка и сега има амбасада која функционира во Дамаск, за разлика од многу западни земји, чии интереси се претставени во чешкиот главен град.

Заоралек додаде дека на масата на која ќе се решава иднината на Сирија не смее да изостане сегашниот режим.

Рускиот претседател Владимир Путин во денешно интервју истакна дека Русија нема право да бара од Асад да ја напушти власта.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник