Хамнеи: САД сакаат да се инфилтрираат во иранското општество

Од:

Врховниот ирански лидер, ајатолах Али Хамнеи, ги обвини САД дека користат „пари и сексуална привлечност“ за да се обидат да се инфилтрираат во Исламска Република, предупредувајќи ги Иранците да не потпаѓаат во „непријателската замка“.

Хамнеи на припадниците на иранската Револуционерна гарда им пренесе ова предупредување да го сфатат сериозно, а на политичките субјекти во земјата оваа тема да не ја користат за меѓусебни несогласувања.

– Непријателот воспоставува мрежа внатре во нацијата и во земјата, главно со помош на две средства – пари и сексуална привлечност, за да ги промени идеалите, верувањата и со самото тоа стилот на живот“ на Иранците, напиша Хамнеи во пораката на својата Интернет страница.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Телеграма за сочувство до раководството и до иранскиот народ, упати претседателот на Левица, Димитар Апасиев

ВИДЕО: Ќерката на убиена Иранка ја прослави смртта на Раиси со алкохол и босанска песна

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

(ВИДЕО) Објавена снимка: спасувачите ги носат телата по несреќата на Раиси

Што ќе се случува по смртта на Раиси

Катерина Ѓуровски