Хамас: Војната со Израел не е завршена

Од:

Високиот претставник на Хамас, Мушир ал – Масри, денеска на приврзаниците на движењето на митингот во градот Газа им изјави дека војната со Израел нема да се заврши се додека нивните политички барања не бидат целосно исполнети.

-Нашите прсти се на чкрапалото и нашите ракети се вперени кон Тел Авив, рече тој.

Во Каиро, во меѓувреме, се водат индиректни преговори за новите мерки на блокираните граници на Појасот Газа и за продолжување на тридневниот прекина огнот, што завршува утре изутрина.

Хамас бара да се укине блокадата врз Појасот Газа, но Израел инсистира оваа исламистичка организација прво да се  разоружа.

Ал-Масри изјави дека Хамас никогаш нема да го разгледува ваквото барање. Тој вели дека хамасовци „нема да го положат оружјето се додека нивната земја не биде ослободена“.

На митингот се собраа неколку илјади приврзаници на Хамас и тоа беше првото собирање на активистите на Хамас од почетокот на израелската офанзива, на 8 јули.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Вашингтон му нуди на Израел разузнавачки информации за лидерите на Хамас во замена за откажување од нападите врз Рафах

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски