Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

Од:

Високиот функционер на милитантната група Хамас, Сами Абу Зухри, денеска изјави дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен врши притисок врз Хамас да ги прифати барањата на Израел во преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

– Коментарите на Блинкен се спротивни на реалноста. Тоа не е чудно за Блинкен, кој е познат како министер за надворешни работи на Израел, а не на Америка, да дава такви изјави, ја пренесуваат светските медиуми изјавата на Абу Зухри која тој ја дал за Ројтерс.

Тој додаде дека „дури и израелскиот преговарачки тим признал дека Нетанјаху е тој што го попречува постигнувањето договор“.

Блинкен претходно неколку пати го повика Хамас да ја прифати понудата на Израел да ја прекине војната и да ги ослободи заложниците, опишувајќи ја како „исклучително дарежлива“, додека Абу Зухри рече дека групата сè уште ја проучува понудата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски