Хакерскиот напад врз Јужна Кореја е извршен од кинески ИП адреси

Од:

 Хакерскиот напад врз неколку банки и медиумски куќи во Јужна Кореја е извршен од Кина, потврдија јужнокорејски експерти, но идентитетот на извршителите не може да биде откриен.

Според досегашната јужнокорејска истрага хакерите за вчерашниот напад користеел кинески адреси за внесување на злонамерен код што предизвика пад на мрежата на шест организации.

– Непознати хакери користеле кинески ИП адреси за пристап до серверите на шест организации и пренесување вирус во нивните компјутери, изјави Парк Јае-мун од Агензијата на регулација на комуникациите.

Северна Кореја е обвинета за хакерските напади од 2009 и 2011 година.

– Сепак, во оваа фаза се уште го истражуваме потеклото на нападот, а сите можности остануваат отворени, нагласи Јае-мун.

ИП адресата не отркива кој стои зад нападот бидејќи хакерите може да ги насочат своите напади преку адреси во други земји со цел да го прикријат својот идентитет.

Експертите веруваат дека Северна Кореја често користи адреси од Кина со цел да ги прикрие своите хакерски напади. Формиран е тим за анализа на вирусот, а одбранбен софтвер веќе е доставен на јужнокорејските компании.

Би можело да ве интересира

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Кинеските хакери имале пристап до одредена американска инфраструктура најмалку пет години

Кинески хакери нападнале стотици домашни рутери во САД и ги користеле за шпионирање

Хакери го нападнаа српското Електростопанство, украдените податоци ги објавуваат на интернет

А1он

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг