Хакерски напад врз Северна Кореја, блокиран Интернетот во земјата

Од:

Руските медиуми јавуваат дека е во тек голем странски хакерски напад врз Северна Кореја, но не соопштуваат од каде е тргнат и кој го организирал, пренесува Дневник.хр.

Познато е дека на Корејскиот полуостров владее голема напнатост, а од Северна Кореја пристигна веста за целосна блокада на Интернетот. Иако, освен луѓето од самиот врв на режимот, ретко кон во оваа излорирана држава има можност да сурфа, серијата страници кои се наоѓаа на домејнот .кп досега и онака пвренствено служеа како пропаганден апарат кон „надворешниот свет“, пред се кон Јужна Кореја, а потоа и кон остатокот на планетата, пренесува хрватскиот портал.

Руските медиуми јавија дека е во тек голем странски хакерски напад, но не се прецизираа од каде тргнал, кој го организирал, ниту што властите во Пјонгјанг прават за да го спречат.

Дописникот на „Гласот на Америка“ од Сеул, Стив Херман, на својот профил на Твитер напиша дека е урнат целиот домејн .кп, и дека блокадата трае веќе два дена.

Како што се наведува, утринава дел од страниците се вратени на мрежата, но набрзо повторно паднале.

Страниците на службената агенција КЦНА, чии сервери се лоцирани во Јапонија и се наоѓаат на јапонски домејн, функционираат нормално, иако вестите последен пат беа освежени вчера.

Би можело да ве интересира

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Кинеските хакери имале пристап до одредена американска инфраструктура најмалку пет години

Кинески хакери нападнале стотици домашни рутери во САД и ги користеле за шпионирање

Хакери го нападнаа српското Електростопанство, украдените податоци ги објавуваат на интернет

А1он

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг