Хакери на ИД го нападнаа профилот на „Твитер“ на американската војска

Од:

Официјалниот портал на Американската централана команда на „Твитер“ е нападнат од хакери кои ја подржуваат милитантната организација позната како Исламска држава.

„Американски војници, пристигнуваме, чувајте ги своите плеќи. ИСИС“- е само една од пораките кои што се објавени на порталот.

isisHak1

Објавите кои по оваа порака се поставени содржат референци на групата која што е позната како „Сајбер Калифат“, а може да се видат и линкови од документи кои наводно се доверливи, а кои се симнати од американски воени компјутери.

isisHak

„САД и нејзините сателити ги убиваат нашите браќа во Сирија, Ирак и Авганистан. Влеговме во нивните налози и знаеме се за вас. Неверници, нема да имаме милост. ИСИС е веќе тука во вашите компјутери, во секоја воена база. Со дозвола на Алах сега сме во Американската централна команда и нема да застанеме. Знаеме се за вас, вашите жени и деца. Американски војници го следиме секој ваш чекор“ – пишува во пораката упатена до Американската централна команда.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Кинеските хакери имале пристап до одредена американска инфраструктура најмалку пет години

Кинески хакери нападнале стотици домашни рутери во САД и ги користеле за шпионирање

Хакери го нападнаа српското Електростопанство, украдените податоци ги објавуваат на интернет

А1он

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг