Хакери ja нападнаа данската новинска агенција Рицау

Од:

Најголемата данска новинска агенција, Рицау (Ritzau) денеска соопшти дека одбила уцената од компјутерски хакери поради чиј напад била принудена да запре со објавувањето вести и фотографии.

Директорот на агенцијата, Ларс Вестерлејк не можеше да каже колкава сума побарале хакерите за „ослободување“ на нападнатите податоци, бидејќи Агенцијата не сака да го отвори „документот со порака“ оставен за време на нападот.

Рица која емитува вести и фотографии до корисниците во Данска од 1866 година, нема да работи на вообичаен начин барем уште еден ден, а дотогаш ќе им пренесува содржини на корисниците преку шест блогови.

– Ако се оди како што очекуваме, утре постепено можеме да се вратиме во нормала, рече Вестерлејк.
Тој додаде дека хакерскиот напад погодил околу 25 од 100-те сервери на агенцијата.

Засега не е познато кој стои зад нападот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

ВИДЕО: Ја испраќаме целата артилерија што ја имаме во Украина, најави данската премиерка

Катерина Ѓуровски

Хакиран Мајкрософт, тврдат дека нападот потекнува од Русија

А1он

Данска доби крал: Кралицата Маргарета Втора абдицираше и му го предаде тронот на својот син

Горан Наумовски

Европска потерница за богатата наследничка: Мајката призна дека децата киднапирани во Данска се кај неа

(ВИДЕО) Од ресторан во Данска киднапирани две деца: Мајката е богата наследничка, со таткото се во војна