Гутереш: Светот е исправен пред голема опасност со украинската криза

Од:

Светот се соочува со голема опасност во врска со украинската криза, изјави денеска генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во говорот на отворањето на состанокот на Генералното собрание на ОН, пренесуваат француските медиуми.

Гутереш во говорот ги критикуваше постапките на Москва против Украина и ја повика Русија да ги повлече своите трупи и да престане со дестабилизација на регионот.

-Одлуката на Русија да ја признае таканаречената „независност“ на регионите Доњецк и Луганск и дејствата што следеа го нарушуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и се некомпатибилни со принципите на Повелбата на ОН, изјави генералниот секретар на ОН.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина, но има услов за тоа

Загриженост во Киев: Русија најде решение за моќното оружје на Украина

Горан Наумовски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим

Во рускиот воздушен напад врз Харков, најмалку 10 лица се ранети

Горан Наумовски

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина