Гутереш апелира да се зголеми финансирањето на Ковакс со цел вакцините да им бида достапни и на најсиромашните

Од:

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди дека „национализмот за вакцинација“ е во полн ек, оставајќи ги сиромашните луѓе ширум светот само да ги гледаат подготовките за вакцинација против коронавирусот во богатите земји и да се прашуваат дали и кога ќе бидат вакцинирани.

Шефот на ОН го повтори својот повик на вакцините да се гледа како на „глобално јавно добро“, достапно за сите, насекаде на планетата, особено во Африка.

Тој повика во наредните месеци да се инвестираат уште 4,2 милијарди американски долари во програмата Ковакс на Светската здравствена организација за помош во купување и дистрибуција на вакцина против Ковид-19, за да им се помогне на најсиромашните луѓе во светот

После онлајн состанокот на Обединетите нации со Африканската унија, Гутереш на прес-конференцијата рече дека финансирањето на Ковакс е единствен начин да се гарантира дека вакцините ќе бидат достапни во Африка и другите земји во развој.

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на состанокот на Генералното собрание на ОН за Ковид-19 минатата недела рече дека „напредокот во вакцините дава надеж и оти на крајот од тунелот се гледа светлина“ за ставање стави крај на пандемијата, но додаде дека вакцините „мора да се поделат подеднакво како светско јавно добро, а не како приватна стока што ја зголемува нееднаквоста“.

Велика Британија и Русија веќе почнаа вакцинација против коронавирусот. Во САД вакцината на Фајзер може да добие зелено светло за итна употреба во наредните денови, а вакцината на Модерна во наредните недели.

Гутереш рече дека 54 африкански земји регистрирале над 2,2 милиони случаи на заразени со коронавирус и над 53.000 смртни случаи од Ковид-19.

Тој изрази надеж дека вакцините, во комбинација со други мерки за јавно здравје, ќе помогнат да се надмине пандемијата, но затоа мора да бидат достапни за секого.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски