„Гугл“ ќе гради зграда во Лондон

Од:

Компанијата „Гугл“ планира во Лондон да изгради зграда со градина, базен и стаза за трчање на покривот, во рамките на комплексот од три згради за 7.000 вработени.

Зградата треба да биде изградена до крајот на 2018 година. Тоа ќе биде прва комплетно изградена зграда на „Гугл“ надвор од САД.

Зградата ќе се простира на површина од 9.700 метри квадратни, а ќе има вежбалница, велнес центар, соба за мазажа, базен, четири кафулиња и градина на покривот во која ќе може да се одгледуваат од јагоди до жалфија.

Предвидена е и изградба на паркинг простор за 686 велосипеди и само четири места за автомобили.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија