Групата која во Либан грабна двајца турски пилоти, бара ослободување на Либанци грабнати во Сирија

Од:

Членови на групата која во Бејрут киднапира двајца пилоти на авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“, во замена за нивното ослободување бараат да се ослободат деветмина Либанци, јави ИТАР ТАСС.

Според информации на либанските медиуми, пилотите биле грабанти од групата „Гости на имамот Риза“.

Либанците, на чие ослободување инсистира групата, пред извесно време биле грабнати во Сирија. Се смета дека станува збор за инцидентот од 22 мај 2012 година, што се случи во реон на градот Азаз, на сириско-турската граница.

Грабнатите Либанци, кои се шиити, се наоѓале во раце на групата „Ахрар аш Шам“, поврзана со Сириската слободна армија. Се смета дека Турција, која има поблиски односи со сириската опозиција, може да изврши притисок врз грабнувачите на Либанците и тие да се
ослободат.

Би можело да ве интересира

Убиен командант на Хезболах во израелски напад врз Либан

ВИДЕО: Во Иран и во Либан по улици се прославуваше нападот над Израел

Катерина Ѓуровски

Израел ги нападна позициите на Хезболах во источен Либан

Најмалку седум загинати во израелскиот напад врз јужен Либан

(ВИДЕО) Израел објави снимка: Испалија 30 ракети, Железната купола пресретна третина

Катерина Ѓуровски

Командант на Хезболах меѓу 10-те жртви на израелскиот напад во Либан