Група свештеници бараат папата Франциско да се прогласи за еретик

Од:

Група од 19 католички свештеници и академици побарала од бискупите да го прогласат папата Франциско за еретик.

Тие не се согласуваат со поглаварот на Римокатоличката црква околу прашањата за причестување, развод, верска разновидност и друго.

Меѓу најистакнатите членови во групата е Ејдан Николс, 70-годишен британски свештеник, еден од најпризнатите теолози.

– Мерката ја преземаме како краен начин да се избориме против штетата која ја причинија зборовите и делата на папата Франциско во претходните неколку години, а кои доведоа до една од најголемите кризи во историјата на католичката црква, се наведува во отвореното писмо.

Папата Франциско е обвинет дека го „омекнал“ ставот на црквата по многу прашања, нагласувајќи дека не зборувал доволно против абортусот, а премногу ги прифаќал хомосексуалците, протестантите и муслиманите.

Портпаролот на Ватикан одбил да го коментира писмото на групата свештеници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале