Група од 30 полицајци и експерти од Малезија заминуваат утре за Украина, каде ќе учествуваат во истрагата околу причините за несреќата на малезискиот авион на 17 јули, изјави началникот на малезиската полиција, Халид Абу Бакар.
Втора група од 50 експерти ќе замине во Киев подоцна.
Засега не се знае кога експертите ќе можат да стигнат до местото на несреќата.
Речиси истовремено во Украина заминува и малезискиот министер за одбрана Хишамудин бин Тун Хусеин, кој, исто така, ќе ги посети и Русија и Холандија.