Гром усмрти 11 Колумбијци за време на религиозен ритуал

Од:

Силен удар на гром усмрти 11 Колумбијци, припадници на едно локално племе, за време на одржувањето на религиозен ритуал.

Инцидентот се случил во близината на градот Гуакака,во колумбиската планина Сиера Невада. Градот се наоѓа во одалечените делови на северот од Колумбија.

Во моментот на ударот на громот, водачите на племето Вива одржувале специјален религиозен обред за „духовно хармонизација“.

Громот предизвика други 15 лица да бидат повредени. Најголемиот дел од нив имаат изгореници по телото од трет степен.

Сите повредени се префрлени во болниците во градот Санта Марта на брегот на Крибското Море. Во спасувачката операција се вклучила колумбијската армија,која во реонот погоден од громот испратиле неколку хеликоптери.

Според медиумите во Богота, шеесетина луѓе биле собрание на една религизона церемонија, во просторија што се користи како верски храм.

Познавачи на тардициите на ова племе велат, дека водачите на Вива се собираат на сеанси за спиритуална хармонизација секогаш кога ќе се соочат со внатреплеменски несогласувања или со проблеми поврзани со човековата околина.

Во регионот на планината Сиера Невада живеат четири племиња Вива. 

Би можело да ве интересира

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски

Претседател на колумбиски второлигаш e убиен по поразот на неговиот клуб

Горан Наумовски