ГРЕКО: Тешко оди транспаретноста во финансирањето на политичкиот живот во Европа

Од:

Групата на земји против корупцијата (ГРЕКО), експертски орган на Советот на Европа, во својот годишне извештај објавен денеска изрази загриженост поради малкуте напредок што е постигнат во транспарентноста во финансирањето на политичкиот живот во Европа, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Од 43 земји кои беа евалуирани на оваа тема, а потоа и контролирани за спроведувањето на препораките на ГРЕКО за траснпарентност во финансирањето на политичкиот живот, дури 12 земји се оценети со оценката „недоволно“ од страна на експертите на СЕ.

Франција, која е потресена од политичката-финансиска афера за финасирањето на предизборната кампања на Никола Саркози во 2012 е меѓу тие земји, но тука се Белгија, Германија, Швајцарија, Грција или Турција.

Ова според ГРЕКО се должи делумно и на политички чувствителниот карактер на финансирањето на политичките партии и предизборните кампањи, и пред се на фактот што ГРЕКО следењето го направи и врз аспекти и области кои не се наоѓаат под директна контрола на владите и кои подлежат на влијание на политичките партии и самите парламенти.

– Слабиот напредок на некои земји членки позитивно да ги спроведат препораките на ГРЕКО, загрижува, изјави Марин Мрчела претседателот на ГРЕКО. Според него оваа ситуација се должи на тешкотиите, а понекогаш и неможноста да се најде издржлив договор меѓу политичките партии.

Мрчела притоа жали што земјите членки не покажуваат политичка волја за да ја фаворизираат транспарентноста во оваа и во другите сфери на јавниот живот. Според него сепак има примери на земји кои сведочат дека е можно да се постигне напредок во оваа област, „но останува уште многу да се направи за превенцијата на корупцијата во политичкиот живот, што станува приоритет“.

Во 2013 година ГРЕКО посети десет земји за изработка на своите извештаи за превенција на корупцијата во редовите на парламентарците, судиите и обвинителите. Во текот на истата година, беа усвоени девет други извештаи на оваа тема и 29 други за криминализацијата на корупцијата и траснпарентноста во финансирањето на политичките партии и изборните кампањи. Меѓу предизвиците кои се појавуваат според ГРЕКО е можното зачленување на Европската Унија во оваа група, што ќе доведе до евалуација на институциите на ЕУ пд страна на ГРЕКО. Европската комисија отвори една проценка со другите инситуции на ЕУ со цел да се разгледа ваквата моќност за зачленување на ЕУ во ГРЕКО.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

ГРЕКО бара испитување на имотот на пратеници и судии, како и правила за подароци за обвинителите

Орце Костов

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ