Граната, истрелана од Сирија, повторно падна во турско погранично место

Од:

Граната за која се смета дека е истрелана од Сирија погодила ѕид од една куќа во местото Цејланпинар, во турската југоисточна покраина Санлиурфа, пренесува агенцијата Анадолија.

Се претпоставува дека гранатата е истрелана од правецот на Ра’сулајн, недалеку од сирискиот град Хасеке, што е под контрола на Ослободителната војска на Сирија,а каде веќе подолго време се водат жестоки борби.

Локалната полиција од Санлиурфа пристигнала на местото на инцидентот, а пристигнала и единица деминери, бидејќи гранатата останала да виси на ѕидот од куќата.

Сопственикот на куќата Хасан Гундуз изјави дека слушнал силна експлозија, но дека не можел да претпостави дека тоа може да биде граната. Тој нагласи дека немирите во Сирија му носат штета на турскиот народ кој живее во близина на сириската граница, па повика за овој проблем што поскоро да се најде решение.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град