Градска управа на Киев: Од почетокот на војната во главниот град загинале 222 лица

Од:

Градската управа на Киев денеска соопшти дека од почетокот на војната во земјата, на 24 февруари, досега во главниот град загинале вкупно 222 лица, од кои 60 биле цивили и четири деца.

Британските медиуми наведуваат дека во се почестите и пожестоки напади врз главниот град повредени се уште 889 лица, меѓу кои 241 цивил, повикувајќи се на податоците на Градската управа на Киев.

Главниот град и денеска беше гранатиран, а притоа загина едно лице, додека околу 20 беа повредени, меѓу кои и четири деца. Оштетени се шест згради.

-Русија го гледаше Киев како своја главна цел – надевајќи се дека ќе ја собори сегашната влада и ќе постави марионетска верзија – но нејзините сили беа запрени поради логистички проблеми и жестока одбрана на Украинците“, се наведува од градската управа на Киев.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ