Големи суши во југоисточна Азија

Од:

Тајландскиот премиер Прајут Кан-ока денеска упати прилично драматичен апел до жителите, сеедно дали се од градовите или се фармери, максимално да ја штедат водата за пиење.

Владата донела одлука од денеска да се намали дотурот на вода од четирите најголеми акумулации во државата од 28 на 18 милиони кубици дневно.

Како што се очекува, населението не ќе почувствува посериозен недостиг на вода до средината на август, кога е време за монсунските дождови. Од штедење се релативно ослободени големите туристички комплекси во кои има над 750.000 туристи.

Големата суша во повеќето држави на југисточна Азија, покрај Тајланд погоди и делови на Индонезија, Виетнам, Лаос, Камбоџа и Малезија. Во сите држави се донесени мерки за штедење, но сигурно е дека огромни штети ќе имаат земјоделците и ловците на риби и ракови, што се значајни економки гранки во овој дел на светот.

Индонезија деновиве се обидува со предизвикување на вештачки дождови да ја ублажи состојбата, но меторолозите и пилотите ретко наоѓаат облаци соодветни за нивно претворање во дожд.

Со одлука на Владата во Бангкок денеска е сменет директорот на тајландската Агенција за воени резерви. Владата на Тајланд обезбеди над половина милијарда долари за храна, вода и други потреби на над 20 милиони жители кои поради сушата останаа без средства за егзистенција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

ВИДЕО: Паѓаат температурни рекорди во светот, горат Европа, Америка и Азија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Тензиите се разгоруваат и на исток: Масовна тепачка меѓу кинески и индиски војници, Азија стравува од ескалација

А1он

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска