Големи поплави во Малезија

Од:

Најмалку десет лица загинаа, а повеќе од 160.000 се евакуирани поради поплавите кои ги зафатија североисточните делови на Малезија.

Како што наведе „Ројтерс“ половина од жртвите се од државата Келантан, која што е најпогодена од обилните врнежи.

Според наводите премиерот Наџиб Разак по враќање од одмор од Хаваи, ги посетил најзагрозените области, а локалните власти соопштуваат дека веќе забележале недостаток храна и други производи.

Волонтерите се соочиле со проблеми на испорака на храна, бидејќи до некои области може да се дојде исклучиво со часмци или хеликоптери.

Инаку малезиските власти соопштија дека дождот во Келантан и на југ на Тајланд ќе трае најмалку до наредната недела.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски