Голема гужва на унгарската граница пред спуштање на рампата

Од:

Рекорден број мигранти (5809) влегле вчера во Унгарија, соопшти унгарската полиција еден ден пред датумот 15 септември, кога Унгарија планира да ја затвори границата со Србија.

Непрегледни колони на мигранти брзаат кон унгарската граница за да влезат на територијата на Европската унија пред полноќ, за кога Унгарија најавува спуштање на рампата и ригорозна контрола на бегалците.

Од полноќ до осум часот изутрината во Унгарија влегле уште 3.280 мигранти, додека во текот на вчерашниот ден, унгарската граница илегално ја минале рекордни 5.809 бегалци, јавува РТС.

Поради се поголемиот прилив на бегалци, Унгарија се подготвува за новите правила кои од утре би требало да го спречат илегалниот влез на мигрантите во земјата. Капијата на пругата Белград- Будимпешта ќе биде затворена на полноќ.

Портпаролот на унгарската Влада, Золтан Ковач изјави дека неуспехот на Европската унија да ја зајакне заштитата на своите граници може да ја загрози слободата на нејзините граѓани и поради тоа контролата на границите мора да биде зајакната за да се помогне во разликувањето на бегалците од економските емигранти.

Ковач рече дека веќе е јасно дека Шенгенскиот систем не може да биде заштитен од внатре и дека периферните земји треба да ја добијат сета помош за заштита на границите на ЕУ.

Според него, заштитата на границите е вистински начин на солидарност, а не безмислениот и неприменлив систем на бегалски квоти предложен од Европската комисија.

Ковач рече дека е тешко да се предвиди што ќе се случи кога ќе стапат на сила строгите мерки на контрола на унгарската граница, додавајќи дека е извесно дека ќе дојде до притисок и тензија поради тоа, но и дека бегалската криза единствено може да биде контролирана со воспоставување ред.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо