Голема акција против затајувачи на данок во Италија

Од:

Италијанската финансиска полиција денеска спореведе голема акција за разбивање на мрежа за затајување данок, во која се вклучени и високи официјални претставници, јави ДПА.

Според финансиската полиција, со затајувањето на данокот, оваа мрежа ја оштетила италијанската држава за околку 10 милиони евра.  

При денешната акција се уапсени 12 лица, меѓу кои и двајца вработени во даночната управа, додека на уште 12 други им е одредена мерка куќен притвор.

Тие се осомничени за повеќе кривични дела, вклучително и за даночно затајување, корупција, перење пари и проневера.

Во акцијата се запленети 1,2 милиони евра.

Во соопштението се посочува дека меѓу осомничените за поврзаност со мрежата се и еден лобист и еден пратеник во италијанскиот Парламент, но нивните имиња не се соопштени.  

Меѓутоа, италијанските медиуми тврдат дека станува збор за пратеникот Антонио Марото од партијата Нов десен центар на министерот за внатрешни работи Анџело Алфано, како и за лобистот Рафаеле Пица, чиј брат Џузепе беше заменик-министер во Владата на Силвио Берлускони во 2008 до 2011 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ

„Јас сум таа ку*ка Мелони, како сте“?

Предраг Петровиќ