Поволните места за живеење на над половина од растителните видови и над една третина од животинскиот свет ќе бидат намалени до 2080 година за половина поради глобалното затоплување, покажува истражувањето на научници од Британскиот универзитет во Нова Англија.
Емисијата на штетни гасови, која се зголемува, го овозможува сценариото за зголемување на температурите на планетата до крајот на векот за четири степени Целзиусови во споредба со нивото од пред почетокот на индустриската епоха.
Британските научници се заинтересирани за тоа како зголемувањето на температурите ќе влијае врз 48.768 видови и специјално врз климатските зони, односно местата каде земјиштето и климатските услови се најповолни за животот на тие видови.
Заклучок од истражувањето е дека за околу 55 проценти од растенија и 35 отсто од животните поволните живеалишта можат да се редуцираат на половина до 2080 година.
Во најризичните групи спаѓаат растенијата, влечугите и водоземните животни, бидејќи тие побавно се адаптираат на промените, нагласуваат научниците.
Најзасегнати ќе бидат живеалиштата во Централна Америка, Амазонија, Австралија и во Африка јужно од Сахара.
Само четири отсто од животните, но ниту еден растителен вид, ќе имаат корист од зголемувањето на температурите и ќе добијат најмалку 50 проценти дополнителни територии за живење, додаваат експертите.