Главниот командант на НАТО се сомнева во руските намери кон Молдавија

Од:

Русија изгледа го следи „истото сценарио на хибридна војна“ кон поранешната советска република Молдавија, изјави вчера врховниот главен командант на Обединетите вооружени сили на НАТО во Европа генерал Филип Бридлав, јави БТА.

Бридлав истакна дека Москва се вмешала во Украина по зголемувањето на нередите од страна на проруските жители и бунтовниците. Тој рече дека „мали зелени човечиња“, војници во униформи без распознавачки обележја им помогнале на бунтовниците да ја контролираат воената ситуација во Украина.

Во исто време Русија натрупа воени сили и резерви на границата под изговор вежби.

– Веќе видовме мали зелени човечиња во Крим и во Источна Украина. Почнавме да гледаме дел од тоа сценарио во Молдавија и Придњестровје, изјави генерал Бридлав во дискусија на центарот за анализи „Атлантски совет“.

– Откако НАТО вече има заедничко видување како Русија ги користи тактиките за хибридна војна, важно е да се реши како да им помогне на земјите од Источна Европа да издржат на првичниот притисок. НАТО може да се вмеша само ако има јасен надворешен агресор, заклучи Бридлав.

Би можело да ве интересира

Кина би можела да организира мировна конференција на која ќе учествуваат Русија и Украина најави Лавров

Реакции од Италија: „НАТО не може да не принуди да убиваме во Русија, Столтенберг да поднесе оставка“

Предраг Петровиќ

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски