Германското Министерство за здравство денеска соопшти дека нема податоци што би укажале на тоа дека ефикасноста на вакцината против коронавирус на Астра Зенека кај постарите лица е само осум проценти.
Министерството повтори дека очекува Европската агенција за лекови да одлучи во петок дали ќе ја одобри вакцината.
Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ претходно ги демантираше пишувањата на германските весници „Билд“ и „Ханделсблат“ дека ефикасноста на нејзината вакцина е мала кај лицата над 65 години.
Од „Астра Зенека“ порачаа дека пишувањата на германските весници се „целосно невистинити“.
„Билд“ и „Ханделсблат“ во одделни извештаи во понеделникот објавија дека вакцината на „Астра Зенека“ има ефикасност од само осум до 10 проценти кај луѓето постари од 65 години.
Двата весница пишуваа дека германската Влада не очекува европскиот здравствен регулатор да ја одобри употребата на вакцината за лица над 65 години.