Германски генерал предупредува на зголемен ризик од самоубиствени напади на Исламска Држава

Од:

Постои зголемен ризик од самоубиствени напади на борците од терористичката Исламска држава кои влегоа во Кабул, изјави денеска главниот германски воен командант, генерал Еберхард Зорн.

– Безбедносната ситуација продолжува да се влошува, рече тој пред новинарите во Берлин, пренесува Ал Џезира.

– Добиваме сигнали од американски извори, како и од сопствена проценка, дека се поголем број бомбаши самоубијци на ИД продираат во Кабул, рече Зорн, истакнувајќи дека ова е еден од најголемите ризици во моментов.

Ирфан Норудин, директор на Атлантскиот совет за Јужна Азија и професор на Универзитетот во Џорџија во САД, претходно изјави за Ал Џезира дека има информации дека голем број екстремисти од странски екстремистички групи веќе дошле во Авганистан по повлекувањето на западните трупи.

– Историјата не научи дека, под такви околности, терористите доаѓаат во безбедно засолниште, од каде што можат да иницираат напади низ целиот регион и пошироко. Значи, тоа е голема загриженост, потенцира Норудин.

Американските сили влегоа во Авганистан по нападите на Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година, а сојузниците набрзо го следеа примерот. Сега, 20 години подоцна, кога планот е да се повлечат западните војници од таа земја до 31 август, светот стравува дека Авганистан може да стане рај за многу терористички групи.

Кон средината на месецот, американската амбасадорка во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд ги повика сите страни да спречат Авганистан повторно да стане терористичка база.

– Сите ние треба да се осигураме дека Авганистан никогаш повеќе нема да биде база за терористички напади, додаде таа.

Талибанците, пак, велат дека ниту една група нема да може да го користи Авганистан за да нападне други земји.

Би можело да ве интересира

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

17-годишник со турско потекло е уапсен во Виена поради планирање терористички напад