Германската вакцина може да се чува во ладилник три месеца

Од:

Германската биотехнолошка компанија „КjурВак“ соопшти дека нејзината вакцина против коронавирусот може безбедно да се чува до три месеци во обичен ладилник, што веројатно ќе помогне да се избегне големата логистичка пречка кога станува збор за нејзината дистрибуција, пренесе „Фокс Њуз“.

Во денеска лиферуваното соопштение од компанијата се наведува дека нејзиниот лек, што е кандидат за вакцина темелена на mRNA, CVnCoV, останал стабилен и во рамките на дефинираните спецификации најмалку три месеци кога се чува на пет степени Целзиусови и до 24 часа на собна темепература кога е подготвен како вакцина за употреба.

-Транспортот и чувањето на вакцините за кои е потребна ултра-ниска температура за да бидат стабилни, беше предмет на интензивна дебата и загриженост во поглед на изводливоста, дополнителните трошоци и расипувањето, рече д-р Флоријан фон дер Мулбе од „KјурВак“.

Тој додаде дека компанијата е „многу охрабрена од извонредната стабилност на нашиот кандидат за вакцина против Ковид-19“ кога се чува во стандарден ладилник, како и со примената на собна температура“.

-Оваа компатибилност, исто така, потенцијално овозможува децентрализирано складирање и може значително да ги олесни напорите за големи вакцинации за време на тековната пандемија, додаде Фон дер Мулбе.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски