Германска планинарка загина откако пропадна во пукнатина на глечер

Од:

Германка на возраст од 55 години, почина откако падна во пукнатина во глечерот Форни во северниот италијански регион Ломбардија.

Алпската служба за спасување соопшти дека и двајца германски планинари се тешко повредени во несреќата, објави АП.

Жената и двајца мажи биле во група од 21 планинари од Штутгарт, кои учествувале во спасувачка вежба на околу 3.100 метри.

Трите лица кои паднаа во пукнатините беа врзани заедно.

Два хеликоптери беа испратени на сцената штом времето дозволило, откако двајца членови на групата го активираа алармот.

Официјалните лица предупредуваат алпинистите да бидат свесни за ризикот од топење на снегот поради високите температури.

Би можело да ве интересира

Пет работници загинаа во Палермо

Тешко повредени двајца пешаци во Скопје – во едниот удрил мотор, во другиот автомобил

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески