Германска новинарка: Америка ќе предизвика војна во Европа

Од:

Некогаш многу популарна германска новинарка, Ева Херман, која пред неколку години поради своите пофални изјави за Хитлер мораше да се повлече од јавниот живот, предупреди дека Американците ќе предизвикаат војна во Европа.

-Ќе има војна и ништо нема да може да ја спречи банкротираната американска администрација да ја надразува Русија толку долго, додека не се распука. Секоја војна е исплатлива, бидејќи вооружувањето носи пари. На нив парите им се неопходни и затоа ќе направат се-напиша оваа поранешна новинарка на страницата „Глас на Русија“.

Оваа писталка и поранешен новинар и водител на Северно-германската радио телевизија НДР, пред неколку години се најде на маргините на својата дваесетгодишна работа.

Причината за тоа беа пофалбите за нацизмот, односно Хитлеровата семејна политика, а таквите недоразбирања како што пишуваат медиуми, имало и порано со оваа новинарка.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Германската полиција спречи можен масакр во Хамбург

Ослободена е невината жена која поминала 43 години во затвор во САД

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Германија: Полиција застрела маж кој се обидел да нападне минувачи со секира близу фан зоната со холандски навивачи

Горан Наумовски

Во Лос Анџелес е издадена наредба за евакуација поради ширење на шумски пожар

(ВИДЕО) Избегната трагедија во забавниот парк Оукс: Се расипа „нишалото“, посетители висеа на 30 метри висина

Неколкумина навивачи се ранети во инцидент во Германија, полицијата го застрела напаѓачот

Горан Наумовски