Германија апелира на воздржаност по убиството на иранскиот научник

Од:

Германија денеска упати апел до сите страни да покажат воздржаност по убиството на шефот на иранската програма за ннуклеарно вооружување Мохсен Фахризаде и да се избегне ескалација на тензиите.

– Неколку недели пред стапување на американската администрација на должност, важно е да се зачува простор за разговори со Иран, за да може да се реши спорот за иранската нуклеарна програма по пат на преговори. Поради тоа Германија ги повикува сите страни да се воздражат од чекори што би довеле до понатамошна ескалација на ситуацијата.

Фахризаде е убиен вчера во близина на Техеран. Иранскиот претседател Хасан Рохани за убиството го обвини Израел и најави одмазда.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран