Герилците ветија примирје за време на изборите во Колумбија

Од:

Колумбиската герилска организација ФАРК соопшти дека од денеска до 30 јуни во земјата ќе владее примирје додека не помине вториот круг претседателски избори, чиј победник ќе настојува да стави крај на петдеценискиот конфликт со марксистичките бунтовници.

Тринеделното примирје е упатено до претседателските кандидати, сегашниот претседател Мануел Сантос и неговиот противник Оскар Зулуага.

Зулуага се сомнева во мировните преговори започнати со ФАРК. Со поддршка на колумбискиот претседател Алваро Урибе и САД, Зулуага покрена воена кампања против ФАРК.

Од друга страна, Сантос, кој е на власт од 2010 година, покрена тешки преговори со најголемата герилска организација во Колумбија, која брои најмалку 8.000 борци.

ФАРК прогласи примирје и за време на првиот круг избори, што е одржан на 25 мај, кога Сантос, иако фаворит, освои 25,6 отсто гласови, а Зулуага 29,3. Вториот круг ќе се одржи на 15 јуни.

Би можело да ве интересира

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски

Претседател на колумбиски второлигаш e убиен по поразот на неговиот клуб

Горан Наумовски