Генералниот директор на Би Би Си најави заминување од функцијата

Од:

Генералниот директор на Би Би Си Тони Хол соопшти дека по седум години, на лето ќе се повлече од функцијата.

Тој потенцираше дека тоа било тешка одлука.

– Го послушав срцето, иако, искрено, никогаш не посакав да си одам, потенцираше Хол. Тој истакна дека за Би Би Си е важно да има ист директор во 2022 година, кога е време за пресек на работата на половина мандат и обнова на повелбата во 2027 година.

Сер Дејвид Клементи, директор на Би Би Си рече дека корпорацијата во следните неколку недели ќе почне да бара нов генерален директор, дополнувајќи дека се посветени на одбирањето на најквалификуваната личност за работата.

Што се однесува на Хол, Клементи рече дека станува збор за креативен лидер кој ги инспирирал другите и кој го водел Би Би Си со интегритет и страстно почитувајќи ги вредностите на корпорацијата.

Би можело да ве интересира

Светските медиуми испратија писмо до израелските власти, меѓу нив BBC, CNN, AFP

Во случајот со водителот на Би-Би-Си нема кривично дело, тврди лондонската полиција

Скандал во Би-Би-Си: Познат водител е манијак, го криеле неговото име додека не проговори неговата сопруга

Би-би-си го повлече Гери Линекер од програма поради твит против владата

Би-Би-Си за несреќата кај Киев: Летањето на мала височина помага да се избегнат ракети, но носи ризици и е исклучително стресно за пилотите

А1он

Би-Би-Си го осуди апсењето на својот новинар, кој известуваше за демонстрациите во Шангај

А1он