Геј пар тужи градоначалник, затоа што одбил да ги венча

Од:

Еден геј пар на југозападот на Франција поднесе обвинение против градоначалник, кој одби да ги венча, спротивно на неодамна усвоениот закон кој дозволува брак на лица од ист пол.

Жан Мишел Коло, градоначалникот на Арканга предизвика бура во јавноста откако стана прво официјално лице кое што одби да венча еден хомосексуален пар, а покрај тоа даде и неколку провокативни изјави.

-За мене, бракот е за жена и маж, за да имаат деца. Истополовиот брак е пародија на еднаквоста, тоа е една голема измама-изјави тој.

Адвокатот на парот, Изабел Диге поднесе тужба против градоначалникот поради дискриминација и одбивање да ја исполни должноста, а на Коло како што тврди му се заканува казна затвор од пет години и паричен надомест во износ од 75.000 евра.

Министерот за внатрешни работи, Мануел Вал го предупреди Коло дека секој јавен службеник кој ќе одбие да го почитува законот ќе биде виновен за дискриминација.

Франција во април стана 14-та држава која ги легализираше истополовите бракови.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили