Гебрејесус: Се надевам дека САД ќе продолжат да ја финансираат СЗО

Од:

Генералниот дректор на Светска здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус, денеска изјави дека се надева оти САД ќе продолжат да ја финансираат оваа Агенција на Обединети нации и покрај критиките од американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп претходно ја критикуваше СЗО дека е премногу „ориентирана кон Кина“ и наведе дека Вашингтон ќе ги суспендира финансиските средства за СЗО. Тој, исто така го критикуваше и Гебрејесус дека ја политизира кризата со пандемијата со новиот коронавирус.

– Тоа што го знам е дека тој пружа поддршка и се надевам дека ќе продолжи финансирањето на СЗО. Односот што го имаме е многу добар и се надевам дека така ќе продолжи, посочи Гебрејесус.

Тој додаде дека европските држави кои размислуваат за укинување на рестрикциите треба да бидат водени од „потребата за заштита на човековото здравје“.

– Мерките треба да се укинуваат полека, со задржување на контролата, истакна Гебрејесус.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО