Гебрејесус реагира по сопирањето на вакцинацијата со „АстраЗенека“: Не сакаме луѓето да паничат

Од:

Првиот човек на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус реагира откако десетици земји, ја сопреа вакцинацијата против коронавирус со вакцината „АстраЗенека“.

Тој изјави дека не постои јасна и недвосмислена врска помеѓу компликациите околу згутчувањето на крвта и вакцината „Астразенека“, и дека ниту една земја не треба да паничи за тоа.

„Не сакаме луѓето да паничат“, велат од СЗО.

Советничкиот одбор на СЗО треба да се состане денес за да разговара за вакцината „АстраЗенека“, која беше привремено суспендирана од Германија, Франција, Италија, Шпанија, Словенија, Португалија, Кипар и други земји.

„Ова не мора да значи дека овие настани се поврзани со вакцината против Ковид 19, но вообичаена практика е да се испитаат наводите. Тоа покажува дека системот за надзор функционира и оти има ефективни контроли“, рече Тедрос.

Би можело да ве интересира

Шокантна изјава од АстраЗенека: Не беше работа на компанијата да се занимава со ковид вакцина

Предраг Петровиќ

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа