Гебрејесус: Можно е завршување на пандемијата во 2022 година

Од:

Генералниот секретар на Светска здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус во новогодишната порака изрази надеж дека е можно да заврши пандемијата со Ковид-19 во 2022 година.

Тој истакна дека светот има „алатки за завршување на пандемијата“ и покрај тоа што бројките на новозаразени лица во светот уриваат рекорди.

Гебрејесус во објавата на Линкедин предупреди и дека пандемијата подолго ќе трае, ако продолжи нееднаквоста.

– Две години по почетокот на пандемијата, алатките на располагање за борба против Ковид-19 сè уште се нерамномерно распределени низ светот. Во Африка, три од четири здравствени работници не се вакцинирани, додека луѓето во Европа и САД примаат трета доза. Таквиот јаз ги зголеми условите за појава на нови соеви, заклучувајќи нè во циклус на континуирани загуби, тешкотии и ограничувања, напиша Гебрејесус.

Тој додаде дека „ако заврши нееднаквоста, тогаш ќе заврши пандемијата и глобалниот ноќен кошмар што го проживеавме. И тоа е можно“.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа