ГАВИ: Појавата на сојот омикрон е показател на неправедната распределба на вакцините во светот

Од:

Меѓународната асоцијација за промоција на прифатлива и правична вакцинација во светот „Gavi Vaccine Alliance“, оцени дека појавата на новиот сој на коронавирусот – омикрон е показател за недостатокот на вакцини во многу делови од светот.

Сè додека голем дел од светската популација е невакцинирана, вирусот може да мутира, продолжувајќи ја пандемијата, изјави вчера во Женева првиот човек на „ГАВИ“, Сет Беркли.

-Ќе можеме да спречиме појава на варијанти само ако ги заштитиме сите во светот, не само богатите, додаде тој.

Омикрон првпат беше откриен овој месец во Јужна Африка, каде стапката на целосно вакцинирани возрасни е помала од 36 проценти.

Како споредба, во Европската унија стапката на целосно вакцинирани е 77 отсто од возрасната популација.

„ГАВИ“, партнерство на јавни и приватни донатори, се обидува да ги заштити луѓето во посиромашните земји од болести кои можат да се спречат. Оваа асоцијација, исто така, ја води меѓународната иницијатива „Ковакс“ за дистрибуција на вакцините против Ковид-19 во посиромашните земји.

„Ковакс“ се надеваше дека годинава низ светот ќе испорача две милијарди дози вакцини, но досега реализира само околу четвртина од поставената цел.

СЗО новиот омикрон сој го класифицираше како „загрижувачка варијанта на вирусот“.

Би можело да ве интересира

ЗНМ бара Владата да ги почитува ковид протоколите и да обезбеди услови за безбедна работа на медиумските работници

А1он

Во Албанија 2.832 новозаразени за 24 часа, најмногу од почетокот на пандемијата

А1он

СЗО: Преминот на Ковид-19 во ендемска форма не значи дека не е опасен

А1он

Доставен амандман во грчкиот Парламент за јавно објавување на имињата на бизнисите кои ги прекршуваат Ковид мерките

А1он

Ковид-19: Рекорден број на новозаразени во Србија, Словенија и во Хрватска, лоша епидемиолошка состојба и во останатиот дел од регионот

А1он

ЕМА: Постојани бустери може лошо да влијаат врз имунитетот

А1он