„Гардијан“ започна да излегува во таблоиден формат

Од:

Британскиот весник „Гардијан“ од денеска станува таблоид. Весникот поради економски причина се откажува од берлинер форматот, во кој излегуваше од 2005 година.

„Гардијан“ повторно ќе има насловна страница во боја, но без темно-синото заглавие. Тие го менуваат и изгледот на буквите во насловите и се воведува нов прелом на страницата проади полесно читање.

Главната уредничка на „Гардијан“, Катрин Вајнер изјави дека поради намалувањето на продажбата, се поскапо станало печатењето на весникот во берлинер формат.

Измени има и на порталот на весникот, кој месечно има над 130 милиони посети ширум светот, каде се сменети боите, со цел да биде усогласен со изгледот на печатеното издание.

Берлинер форматот предвидува страници со димензии од 315х470 мм, односно поголеми од тие на таблоидите кои се со димензии од 290х430 мм.

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници