Г7 и онлајн заедницата ќе работат против ширење на исламистички екстремизам

Од:

Земјите членки на Г7 и технолошките гиганти меѓу кои и Гугл, Фејсбук и Твитер, се договорија да работат заедно со цел да го блокираат ширењето на исламистичкиот екстремизам на интернет.

– Ова се првите чекори кон поголем сојуз во името на слободата, изјави италијанскиот министер за внатрешни работи, Марко Минити по завршувањето на дводневниот состанок на министрите од Г7, нагласувајќи ја улогата на интернет во „регрутирање, обука и радикализација“ на екстремисти.

Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Коломб изјави дека целта е да се обезбеди проџихадистичката содржина да се отстрани во рок од два часа по објавувањето на интернет.

– Нашите непријатели се движат со брзина на твит и ние мораме исто толку брзо да им се спротивставиме, изјави американската министерка за внатрешна безбедност Илејн Дјук.

Иако призна дека е постигнат напредок во борбата против џихадистичката онлајн содржина, британската министерка за внатрешни работи Амбер Рад истакна дека „компаниите треба да дејствуваат повеќе и побрзо не само за да се елиминира екстремистичката содржина, туку и да се спречи таква содржина воопшто да се објави.

Би можело да ве интересира

Земјите од Г7 размислуваат како да и помогнат на Украина со замрзнатите руски средства

Пекинг ги обвини земјите од Г7 дека соработуваат за да ја „клеветат и нападнат“ Кина

Горан Наумовски

Стигна реакцијата на Русија на „хистеричниот“ самит на Г7

ВИДЕО: Зеленски во Хирошима допатува со воен авион на француската влада

Медведев се закани дека ќе го раскине договорот за жито доколку Г7 го забрани извозот во Русија

Ана Ололовска

Г7 подготвува еден од најсилните удари за Русија досега

Катерина Ѓуровски