Г-7: Спроведувањето на Договорот од Минск услов за укинување на санкциите кон Русија

Од:

Западните санкции кон Русија ќе бидат укинати дури откако Москва ќе го исполни Договорот од Минск за прекин на огнот и ќе го почитува суверенитетот на Украина, порачаа министрите за надворешни работи на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г-7), од нивната денешна средба во северногерманскиот град Либек.

– Г-7 ја истакнува блиската поврзаност на целосното спроведување на Договорот од Минск и меѓународните санкции (кон Русија), се наведува во заедничкото соопштение издадено по завршувањето на министерската средба.

Во документот се посочува дека должината на траењето на санкциите зависи од „руската целосна примена на Договорот од Минск, потпишан во февруари и од почитувањето на украинскиот суверенитет“.

Министрите ги поздравија Украина и Русија поради „преземањето на вистинските чекори“ во спроведувањето на договорот за прекин на огнот, но потенцираат дека е „неопходен значаен и брз напредок“ по тоа прашање.

Учесниците на министерската средба на Г-7 го поздравија и постигнувањето на рамковниот договор меѓу Иран и меѓународната „шесторка“ за иранската нуклеарна програма и го повикаа Техеран на целосна соработка со Меѓунардоната агенција за атомска енергија при проверката на неговите „нуклеарни активности“.

Во завршната изјава се поддржуваат и напорите на Иран и „шесторката“ за постигнување конечен договор за нуклеарната програма до 30 јуни.

Како што јавија германските медиуми, средбата во Либек има за цел да го подготви самитот на шефовите на држави или влади на Г-7, што треба да се одржи во јуни во баварскиот замок Елмау.

На средбата во Либек учествуваа шефовите на дипломатиите на Германија, Велика Британија, Италија, Јапонија, Канада, САД и Франција, како и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

Би можело да ве интересира

Земјите од Г7 размислуваат како да и помогнат на Украина со замрзнатите руски средства

Пекинг ги обвини земјите од Г7 дека соработуваат за да ја „клеветат и нападнат“ Кина

Горан Наумовски

Стигна реакцијата на Русија на „хистеричниот“ самит на Г7

ВИДЕО: Зеленски во Хирошима допатува со воен авион на француската влада

Медведев се закани дека ќе го раскине договорот за жито доколку Г7 го забрани извозот во Русија

Ана Ололовска

Г7 подготвува еден од најсилните удари за Русија досега

Катерина Ѓуровски