Г-20: Италија се залага за рамноправен развој и мултилатерален пристап

Од:

Како претседавач со Г-20, Италија се стреми кон порамномерен и правичен развој и се залага за мултилатерален пристап за решавање на глобалните проблеми, изјави премиерот Марио Драги во воведниот говор на Самитот.

„И порано сме се соочувале со протекционизам, едностраност и национализам, но сега стана уште појасно дека само мултилатералниот пристап може да биде најдоброто решение за проблемите со кои се соочуваме денес, рече тој.

Пандемијата не е надмината, како и нееднаквоста во дистрибуцијата на вакцините. Оваа разлика – 70 отсто од оние кои примиле барем една доза на вакцина против коронавирус во богатите земји и 3 отсто во земјите со ниски приходи – е неприфатлива, потенцираше Драги.

Тој нагласи дека, за време на своето претседавање со Г20, Италија се обиде да ја зачува еднаквоста, да ги отстрани пречките за доставување на вакцините и да го зголеми производствениот капацитет преку обезбедување технологија.

– Постигнавме историски договор за поправеден и поефикасен даночен систем, потсети италијанскиот премиер. Тој рече и дека наскоро ќе се постигне очекуваната цел од 40 отсто вакцинација на светското население до крајот на годинава.

– Ние сме должни да направиме се што е можно за да вакцинираме 70 отсто од светското население до средината на 2022 година, потенцираше Марио Драги на отворањето на Самитот на Г-20 во Рим.

Би можело да ве интересира

Ердоган до лидерите на Г20: Исполнете ги барањата на Русија

Предраг Петровиќ

Г20 има нова членка

Групата Г20 и даде на Африканската унија ист статус како и на Европската унија

Блинкен: Не планирам да се сретнам со руски и кинески министри на самитот на Г-20

Ана Ололовска

Индија и Кина прават притисок на Г20 во соопштението за Украина да го нема зборот војна

Земјите од Г20 усвоија конечна декларација во која се критикува војната во Украина