Француските власти ги повикаа музеите да бидат внимателни поради еколошките активисти

Од:

Француските власти ги повикаа националните музеи да бидат дополнително внимателни по серијата напади на еколошки активисти врз дела изложени во музеи и други институции, објавија денеска медиумите.

„Франција ниту еден ден не е заштитена од некој полуден активист кој ќе нападне некоја слика“, рече министерката за култура Рима Абдул Малак, која побара од музеите „двојна будност“.

Еден од последните инциденти што се случија во музеите во другите европски земји се случи во музејот Орсеј во Париз.

Тој музеј поднел жалба против активистките кои минатата недела се обидоа да фрлат супа врз сликата на францускиот уметник Пол Гоген, објави денеска весникот „Паризиен“.

Раководството на музејот поднесе тужба за „обид за оштетување уметничко дело“, додава весникот, наведувајќи дека поради тоа париското обвинителство отворило истрага.

Иако музејот не објави за кое уметничко дело станува збор, француските медиуми објавија дека една девојка прво имала намера да го залепи своето лице на познатата слика на холандскиот уметник Винсент Ван Гог „Автопортрет во Сент Реми“, а бидејќи била спречена, се обидела да истури супа на платното на Гоген.

Оваа акција доаѓа по серијата слични инциденти во последните недели во Европа, додека уметничкиот свет од Париз до Њујорк го осудува вандализмот на еколошките активисти.

Активисти за заштита на животната средина неодамна испрскаа супа од домати на заштитното стакло на познатите „Сончогледи“ на Ван Гог во музеј во Лондон.

Активисти во берлинскиот музеј фрлаа пире на заштитното стакло на сликата „Стогови сено“ на францускиот уметник Клод Моне.

Во музејот во Хаг, активисти ја нападнаа сликата „Девојка со бисерна обетка“, холандска барокна слика на Јоханес Вермер.

Активистите за заштита на животната средина не ги таргетираат само музеите со вредни уметнички дела.

За време на викендот, активист на колективот „Последна обнова“ ја прекина оперската претстава „Волшебната флејта“ во еден театар во Париз, така што се качи на сцената и се закачи на декорот. Претставата била прекинат десет минути, додека младиот човек бил однесен, објави францускиот весник Фигаро.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во напад со нож во Париз

Улица во Париз ќе го носи името на Дејвид Боуви

А1он

ВИДЕО: Драма во Париз – Лувр итно евакуиран

Во Париз е забрането изнајмување електричeн тротинет

(ВИДЕО) Експлозија во Париз, петмина се повредени

Ограбена е златарница во центарот на Париз, штетата е огромна