Францускиот министер за внатрешни работи е воздржан за отворањето на Шенген за Романија и Бугарија

Од:

Францускиот министер за внатрешни работи Мануел Валс во интервјуто за националниот јавен радио сервис – Франс Интер, изјави дека влегувањето на Бугарија и Романија во Шенген зоната на 1 јануари 2014 година „не е на дневен ред“, јавува дописникот на МИА од Париз.

– Јас сум воздржан, се додека не се преземнени сите мерки за гаранција на безбедноста на нашите граѓани, објасни Мануел Валс за слушателите на Франс Интер.

Во одговор на претседателката на Националниот Фронт (крајната десница) Марин Ле Пен, која тврди дека одлуката за Романија и Бугарија е веќе донесена, Мануел Валс изјави дека „Марин Ле Пен е некомпетентна“.

Францускиот министер за внатрешни работи денеска тврдеше дека во последно време е забележано зголемување на криминалот во рурални зони на Франција (посебно кражби) кои можат да им се припишат на криминални групи кои доаѓаат од Источноевропските држави.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори